Јуве уште е во шок, губи убедливо од Емполи (Видео)

Емполи има изненадувачко водство од 2-0 против Јувентус, а головите паднаа во 18-тата и 21-вата минута.

Емполи има обезбедено опстанок во Серија А и игра за десеттата победа сезонава, додека на гостите бодовите им се потребни за излез на европска сцена. Откако дознаа дека им се одземени 10 бода, тоа депримирачки влијаеше врз играчите на Старата дама, па против Емполи се најдоа во сериозна негатива која треба да ја надоместат во второто полувреме.

Првиот погодок беше дело на Капуто од пенал, а три минути подоцна погоди и Луперто. Головите може да ги погледнете ТУКА.

Доколку загуби од Емполи, Јувентус на две кола до крајот би имал пет бода негатива во однос на четвртиот Милан и практично ги губи шансите да игра во елитното клупско натпреварување во следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести