Јувентус е подготвен да плати 90 милиони евра за топ-засилување од Премиер лигата
Жозе Мурињо, наспроти желбата на Старата дама, очекува еден од најдобрите играчи на Тотенхем да го продолжи договорот што му важи до 2023 година.

Јувентус е подготвен да плати 90 милиони евра за Сон Хеунг-мин во летниот преоден рок, објави „Калчомеркато“. Старата дама веќе подолго време е заинтересирана за Јужнокореецот, кој игра одлично во континуитет.
На италијанскиот шампион му треба освежување, а раководството на „црно-белите“ од Торино смета дека токму Сон би бил вистинскиот избор.
За Тотенхем игра одлично во континуитет и сезонава веќе постигна 17 гола, комбинирани со 9 асистенции. Сон има важечки договор со популарните Спарс до 2023 година и клубот од Лондон, а според изјавите на Жозе Мурињо, ќе се обиде да го продолжи договорот со јужнокорејскиот репрезентативец.