Јувентус го отпиша Интер, Дибала им го заврте умот на Нераѕурите со брилијантен гол (Видео)

Јувентус лесно го победи Интер во Дербито на Италија со 2:0 во игра со која доминираше и покажа зошто е апсолутен владетел во Италија.

Мечот се играше без публика, а домаќините се снајдоа многу подобро и со головите на Рамзи и на Дибала славеа значајна победа за врвот на табелата.

Англискиот репрезентативец го отвори резултатот во 55-тата минута, а потоа блесна Дибала со брилијантен гол. Аргентинецот со дриблинг ја измеша одбраната на Интер, а потоа со спротивната лева нога ја погоди мрежата на Хандановиќ.

Поради Коронавирусот, мечот се играше пред празни трибини, а Јуве по второпат сезонава го надигра и го победи Интер и сега е лидер со 63 бода, пред Лацио со 62 и Интер со 54 бода.

https://twitter.com/RainingGoals/status/1236760906698121216?s=20

Интер

- Оглас -

Најнови вести