Јувентус го враќа Погба, понудата за Манчестер јунајтед е Рабио, плус кеш

Големи се шансите Пол Погба повторно да игра за Јувентус, а Старата дама има план за да го врати назад францускиот репрезентативец.

Понудата од Торино за Манчестер јунајтед е на „Олд Трафорд“ да пристигне Адриен Рабио, плус кеш. Колку е проценката на моментната вредност на Рабио не се открива, но трансферот е сосема реален и Јувентус сака да го реализира во зимскиот преоден рок.

И двајцата играчи се француски репрезентативци, а и двајцата се незадоволни со статусот во своите клубови. Рабио малку игра за Јуве, а Погба речиси и воопшто не настапува во последно време за Манчестер јунајтед и најави нова пауза, поради операција на стапалото.

Погба играше извонредно за Јувентус во периодот од 2012 до 2016, а пристигна во редовите на италијанскиот првак токму од Манчестер јунајтед и тоа без отштета. На 124 меча за Старата дама постигна 28 гола и освои четири шампионски круни во Калчото.

Кам-бекот на „Олд Трафорд“ го чинеше скапо Манчестер јунајтед. На 8. август потпиша петгодишен договор со „црвените ѓаволи“ за 105 милиони евра, што беше рекорден трансфер во тој период.

За најтрофејната екипа во Англија одигра 99 меча, а ако се оствари планот на Јуве, Погба нема да го одигра јубилејниот стоти меч за тимот од „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести