Јувентус и Баерн први стигнаа до нокаут-фаза во ЛШ, Роналдо е неуништлив, со гол во последен миг го спаси Манчестер од пораз во Бергамо (Видео)

Аталанта не успеа да му се реваншира на Манчестер јунајтед за поразот од 3:2 на „Олд Трафорд“, а и вечерва во Бергамо кобен за нив беше финишот на Кристијано Роналдо.

Португалецот постигна два гола во последните минути од двете полувремиња и му донесе бод на англискиот тим со реми 2:2.

Претходно Дуван Запата ја затресе мрежата на Де Хеа во 56-тата минута, но судијата Славко Винчиќ најпрво по сугестија на својот помошник го поништи голот, а потоа го призна со помош на ВАР технологијата.

Во првото полувреме Јосип Иличиќ ѝ донесе предност на Аталанта, а израмни Кристијано Роналдо со гол во 45-тата минута.

Баерн и Јувентус се првите две екипи што обезбедија настап во осминафиналето, а тоа го направија со вкупно 9 гола против Бенфика, односно против Зенит.

Баерн Минхен ја декласира Бенфика со 5:2 на меч на кој Роберт Левандовски постигна хет-трик и промаши пенал, но најубавиот гол го постигна Серж Гнабри со петица.

Јувентус го победи Зенит со 4:2 и со максимални 12 бода е недостижен за Зенит и Малме. Вечерва значајни победи забележаа и Лил на гости против Севилја со 2:1, Вилјареал против Јанг бојс со 2:0 и Барселона со голот на Ансу Фати со 1:0 во Киев против Динамо.

 

 

- Оглас -

Најнови вести