Јувентус поведе со 0-1 на гостувањето кај СПАЛ по половина час игра, а „старата дама“ по овој меч и математички ќе биде старо-нов шампион во Италија. Макс Алегри дефинитивно има уште една машина за голови во својот тим покрај Кристијано Роналдо и Марио Манџукиќ.
Стрелец на погодокот за водство е Мојзе Кен, што е негов четврти последователен во Серија А, а засега во италијанскиот шампионат брои вкупно шест гола. Кен во просек постигна гол на секои 45 минути, правејќи го доста опасен за противничките голмани иако има само 19 години.
Кен моментално е трет стрелец во редовите на Јувентус во рамките од Серија А, повеќе од него имаат само Манџукиќ (8 гола) и Роналдо (19 гола)
https://www.dailymotion.com/video/x75rw13