Јувентус, Интер и Милан настојуваат да играат во Серија А

Управниот одбор на Серија А заедно со прволигашите денес одржа итен состанок на кој се разговараше на главната тема која го здрма фудбалскиот свет – Суперлигата.

Трите гиганти, Јувентус, Интер и Милан, се меѓу 12-те основачи на новото елитно натпреварување кое ќе биде од затворен тип, но тие немаат во план да ги отстапат своите места во Калчолигата. Што се однесува до италијанските гиганти, намерата е да учествуваат и во Серија А и во Суперлигата.

Од УЕФА веќе излегоа со став дека основачите на новата Суперлига ќе бидат суспендирани од домашните првенства, како и од европските купови, додека на фудбалерите ќе им биде забрането да настапуваат за своите репрезентации.

- Оглас -

Најнови вести