Јувентус продолжува да си го „тероризира“ соседот

Јувентус ја оправда фаворитската улога во дуелот со градскиот ривал Торино, и триумфираше со 1-0, и тоа со гол на фудбалер од кој веројатно најмалку се очекуваше да погоди.

Ова беше 149-то торинско дерби во Серија А. Јуве има само еден пораз на последните 27 лигашки дуели со Торино (20 победи и шест нерешени).

Холанѓанецот Матајс Де Лихт го даде својот прв гол во дресот на „старата дама“ и на тимот му донесе три бода со кои се искачи на првото место, со еден бод плус во однос на Интер.

Де Лихт со 20 години и 82 дена, е петти најмлад стрелец за Јуве против Торино.

https://www.youtube.com/watch?v=qCG9IkAv8n0

- Оглас -

Најнови вести