Јувентус реши да се огласи околу повредата на Роналдо

Италијанскиот првак Јувентус ги израдува своите навивачи откако објави дека повредата на Кристијано Роналдо не е многу сериозна и дека тој треба да биде подготвен за првиот дуел против Ајакс во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Роналдо се повреди во дресот на португалската репрезентација и мораше да го напушти теренот на дуелот против Србија уште во 31-вата минута. По направените детални прегледи, било констатирано дека Роналдо има помала повреда на бутниот мускул на десната нога и не е ништо сериозно.

Од Јувентус веруваат дека Роналдо ќе биде подготвен за првиот меч на „старата дама“ против Ајакс во Лигата на шампионите. Италијанскиот првак ќе гостува во Амстердам на 10-ти април.

- Оглас -

Најнови вести