Јувентус рутински против Емполи, Лече е изненадувањето на стартот од Серија А (Видео)

Јувентус без поголеми проблеми дојде до втората победа во италијанската Серија А, откако на гости го совлада Емполи со 0-2. Со оваа победа “старата дама“ се искачи на третата позиција на табелата со 7 бодови, веднаш позади максималните Милан и Интер кои имаат по 9.

Победата за Јувентус ја обезбедија Данило во 24-тата минута и Кјеза во 82-рата минута.

На вториот вечерашен натпревар најголемото изненадување на стартот од Серија А, екипата на Лече, со 2-0 ја совлада Салернитана со головите на Крстовиќ и Стрефеза.

- Оглас -

Најнови вести