Јувентус сака да го продаде Влаховиќ, познато е и кој би го заменил

Екипата на Јувентус е подготвена да ги разгледа понудите кои ќе пристигнат на нивна адреса за српскиот напаѓач Душан Влаховиќ. Клубот од Торино на српскиот репрезентативец му нуди  продолжување на договорот, но Влаховиќ одбива да го стори тоа.

Српскиот интернационалец во моментов има плата од седум милиони евра по сезона, а беше купен од Фиорентина само пред 1,5 години за 81,6 милиони евра.

Раководството на Старата дама веќе ја има и желбата кој би го заменил Србинот, а тоа е напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората. Вредноста на шпанскиот репрезентативец кој оваа сезона постигна 12 погодоци на 14 натпревари за Атлетико Мадрид е 20 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести