Јувентус сака да му го „украде“ Лукаку на Интер!

Јувентус е заинтересиран за Ромелу Лукаку, и клубот имал разговори со Челзи за ангажирање на белгискиот напаѓач.

Лукаку минатата сезона ја мина како позајмен во Интер, а на последниот свој меч против Старата дама во купот на Италија, Белгиецот беше исклучен, поради физичка пресметка со Хуан Квадрадо. Колумбиецот летово си замина од Јуве, па тоа можеби и ќе ја олесни задачата на Јуве во преговорите.

И Интер сака да го задржи Лукаку, на листата на заинтересирани е и саудиски Ал Хилал. Од Челзи порачаа дека веќе не планираат да го позајмуваат Лукаку, туку дека сакаат да го продадат.

Јувентус и во 2019 година преговараше за ангажирање на Лукаку, а летово имаат и еден потенцијален џокер во преговорите со Челзи, тоа е Душан Влаховиќ, за кој има интерес од Сините од Лондон.

- Оглас -

Најнови вести