Според пишувањата на италијанските медиуми, тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, сака повторно да соработува со Мохамед Салах во Торино.
Покрај него, Старата дама се обидува да ги реализира и трансферите на Алисон Бекер и Енди Робертсон.
Спалети се надева дека ќе го убеди 33-годишниот Салах да се пресели на „Алијанц“, потенцијално и со влијанието на Алисон.
Бразилскиот голман е во напредни преговори со Јувентус, па се тврди дека неговото доаѓање во Торино е практично завршена работа.
Од друга страна, Салах веќе објави дека го напушти Ливерпул на крајот од сезоната, а Јувентус ќе има време за преговори со египетската ѕвезда, која конечната одлука за новиот клуб ќе ја донесе по завршувањето на Светско првенство.

