Јувентус знае да победи само со 3:2 во Серија А

Јувентус дојде до втората победа во Серија А откако беше подобар од Сампдорија на домашен терен со 3:2. Интересно е што „старата дама“ оствари ист резултат како и неколку дена претходно кога ја совладаа Специја на гостувањето.

Дибала постигна навистина убав погодок во десеттата минута, но поради повреда мораше да биде заменет.Леонардо Бонучи и Мануел Локатели беа стрелци на двата други голови за домаќините. Додека, пак, Сампдорија се врати два пати во „живот“ благодарение на Маја Јошида и Антонио Кандрева, но, не можеа да дојдат до сензација.

Јуве со оваа победа дојде до осмиот бод по шест одиграни кола и е на делба на десеттото место, а во среда ги очекува меч од Лигата на шампионите против Челзи.

- Оглас -

Најнови вести