Бред Биндер вечно ќа ја памети денешната трка во Мото ГП класата во Брно, откако победнички мина низ целта во деби сезоната за него.
Биндер е прв дебитант по Марк Маркес во 2013 година што успеал да слави на трка од најсилната Мото класа, а голема радост и донесе и на својата земја Јужна Африка, која го слави првиот победник во мото трките од премиум класата.
https://twitter.com/MotoGP/status/1292443229158342656?s=20
Франко Морбидели со Петронас Јамаха втор мина низ целта, а место на подиумот имаше и за Јохан Зархо од Франција.
Ринс и Роси ја заокружија првата петорка на втората трка сезонава на патеката во Брно, а се кам-бек имаше и актуелниот светски првак Марк Маркес.
Шпанецот за првпат возеше по повредата во Херес и имаше скромна трка што ја заврши на 15. место. Водечкиот во Генерланиот пласман Фабио Квартараро ја зварши трката на седмата позиција.