Јужна Америка против Италија: Икарди ја подели соблекувалната на Интер

Мауро Икарди не сака да се извини за коментарите на неговата сопруга Ванда Нара, која му е и агент, а Интер тешко дека ќе попушти и ќе му ја врати капитенската лента на Аргентинецот, па продолжува сега веќе големиот проблем за нероаѕурите.

И се поголема поделба има во соблекувалната каде Јужноамериканците и Шпанецот Борха Валеро го поддржуваат Икарди, а грото од домашните фудбалери не се согласуваат со неговата постапка, да не игра против Рапид во Виена, во меч од Европа Лигата.

Можно е Икарди да не игра до крајот на сезоната, иако кога настапуваше беше најдобриот играч и стрелец на тимот, но сега веќе се зголемува јазот на недоразбирање.

На Аргентинецот му беше одземена капитенската лента, што доведе до голем проблем во Интер. Дури дел од влијателните италијански медиуми најавија дека Икарди ќе се пресели во редовите на лутиот ривал Јувентус, во замена за Паоло Дибала и одредена сума на пари.

- Оглас -

Најнови вести