Каде беше во 2012 година, каде е сега: Кариерата на Канте е како од соништата

За разлика од сегашните големи тинејџерски фудбалски ѕвезди, како што се Халанд, Фоден, Мбапе, Санчо и останатите, Н’голо Канте е играч кој на нивни години бил целосен анонимус. Млад 20-годишен играч кој сонувал за голема кариера, која на крајот со многу работа, труд, но и талент се остварила.

Канте беше прогласен за најдобар играч на теренот во победата на Челзи против Реал Мадрид, триумф по кој лондонскиот тим се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Пред неполна деценија, Канте, кој сега има 31 година, бил далеку од фудбалските височини на кои е денеска.

Во 2012 година Канте морал да се пробива по потешкиот пат. Го носеше дресот на Булоњ во третата француска лига. Во 2014 година, како играч на Каен се радува на пласман во елитното француско фудбалско друштво, а потоа заминува во Премиер лигата.

Лестер е неговата прва дестинација во 2015 година. Уште во првата сезона, Канте со Лестер направи чудо и стана шампион во Премиер лигата. Тоа беше знак за Челзи веднаш да реагира и да го купи Французинот, кој доби повик и во националната селекција.

Веќе следната година повторно е првак на Англија, но овојпат во дресот на Челзи. Во 2018 година со француската репрезентација е светски првак на Мундијалот во Русија. На клупско ниво, во 2019 година со Челзи се радува на трофејот во Лигата на Европа.

Сега Канте е еден од најзаслужните што Челзи ќе игра во финалето на Лигата на шампионите и може да стигне до нов трофеј. Едноставно, кариерата на Канте се движи како во еден од најубавите соништа за секој фудбалер.

Кариерата на Канте:

2012 година: игра во Болуњ во трета лига

2014 година: со Каен се изборува за промоција во Лига 1

2015 година: прави трансфер во Премиер лигата, во тимот на Лестер

2016 година: станува шампион со Лестер, а добива повик за настап во француската репрезентација

2017 година: шампион со Челзи

2018 година: светски првак со Франција

2019 година: ја освојува Лигата на Европа

2021 година: ќе игра во финале на ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести