Каде ти е достоинството? Леброн со наведната глава го напушти теренот, без да им честита на Сонцињата (видео)

Леброн Џејмс крајно неспортски го напушти паркетот и се упати кон соблекувалната уште пред да заврши дуелот меѓу Лејкерс и Феникс, во кој тимот од Аризона славеше со 113:100 и ја доби серијата против актуелниот првак со 4-2.

Без тронка достоинство, Кралот не можеше да ја прифати елиминацијата која му е прва во кариерата во првата рунда од разигрувањата, па ниту им честиташе на играчите на Феникс, туку замина без да се поздрави.

- Оглас -

Најнови вести