Кадис оствари учинок каков што му успеал само на Реал во шампионската 1961 година

Кадис со сигурните 2-0 против Ејбар запиша четврта победа на исто толку гостувања во Ла Лига по шест кола. Андалузиската екипа има максимален учинок кога станува збор за натпреварите кои ги игра надвор од својот стадион, а ваков учинок не е виден уште од далечната 1961 година.

Тогаш Реал Мадрид успеа да победи во првите четири гостински натпревари во шпанското првенство, по што подоцна стигна и до шампионската титула.

Иако би им било потребно чудо на новаците во Ла Лига да го повторат успехот на Кралевите, засега може да бидат среќни барем до утре ќе стојат на второто место на табелата со 14 бода, колку што има лидерот Реал Сосиедад.

- Оглас -

Најнови вести