Кај Лејкерс нема веќе заразени, закрепна и таинствениот тандем на Езерџиите

Двајцата кошаркари на Лос Анџелес лејкерс што беа заразени со Коронавирус сега се комплетно рехабилитирани, а популарните Езерџии објавија дека ниту еден нивен играч не е позитивен на тестовите.

Еден од најпопуларните и најтрофејни клубови неодамна објави дека двајца кошаркари се позитивни на тестот за Коронавирус, но не беа именувани.

Одлична вест е дека 15-кратниот НБА-првак сега веќе нема заразени откако и тандемот што имаше проблеми со опасниот вирус го мина успешно 14-дневниот карантин.

Претходно со опасниот вирус успешно се изборија и Руди Гобер и Донован Мичел од Јута џез, потоа и Кристијан Вуд од Детроит пистонс и Маркус Смарт, кој игра за Бостон селтикс.

 

- Оглас -

Најнови вести