Кајо „ја скина мрежата“ за победа на Бенфика над Фиорентина (Видео)

Екипите на Бенфика и Фиорентина одиграа интересен пријателски меч, кој заврши со победа на Португалците од 2-1. Победникот беше одлучен во 93-тата минута, кога Лукас Кајо со силен шут под пречката ја затресе мрежата на Виолетовите. Претходно, Швајцарецот Харис Сеферовиќ погоди за 1-0 за Бенфика, а 19-годишниот српски талент Душан Влаховиќ изедначи на 1-1.

Пред почетокот на овој меч на „Ред Бул арената“ во Њу Џерси, дресови си разменија Џанкарло Антоњони и Руи Кошта. Португалецот е спортски директор на Бенфика, а освен за клубот од Лисабон, тој како играч се прослави и во Фиорентина, па уште го нарекуваат Принцот од Фиренца.

Погледнете ги головите:

https://www.youtube.com/watch?v=-V5aw-ox_eE

- Оглас -

Најнови вести