Кајзер ќе се ослободи од вишокот во Спортинг – Ристовски останува кај „лавовите“

Стефан Ристовски ќе продолжи да игра за Спортинг Лисабон, по најавата на новиот тренер Марсел Кајзер дека ќе ослободи дел од играчите од сегашниот ростер.

Холанѓанецот сака да се ангажираат неколку засилувања во зимскиот преоден рок, има најава дека дел и ќе си заминат, а сигурно во Спортинг продолжува нашито репрезентативец и десен бек на популарните „лавови“.

Некогашниот соиграч на Ристовски од Риека, Јосип Мишиќ е еден од играчите на кои Кајзер нема да смета во продолжението од првенството, па тој веројатно ќе биде ослободен од обврските кон Спортинг.

Откако на клупата на клубот од Лисабон пристигна холандскиот стратег, тимот игра многу подобро, па Спортинг моментно е второпласиран на табелата во португалското првенство со 31 бод, само два помалку од лидерот Порто.

Ристовски имаше пауза од месец и пол поради повреда, која ја „заработи“ на дуелот со Арсенал во Европа Лигата, но неговиот статус во Спортинг не е загрозен. Доби шанса од Кајзер да игра против Ворскла во меч до Европа лигата, што беше и кам-бек за нашиот репрезентативец, а можно е и вечерва да биде стартер против Гимареш од 21 часот, во меч од 14. коло во португалскиот шампионат.

- Оглас -

Најнови вести