Кака пак ќе се жени, и втората жена има исто име како првата

Поранешниот фудбалер на Милан и Реал Мадрид, Рикардо Кака, по вторпат ќе стапи во брак, и по вторпат со девојка која се вика Каролина.

Кака на Инстаграм објави фотографија на која се гледа бурмата на раката на неговата вереница Каролина Дијас, со текст дека таа го направила најсреќен маж на светот, и ветува дека тој ќе ја направи најсреќна жена на светот.

Кака беше 10 години во брак со Каролина Селисо со која беа заљубени уште од детските денови, но се разведоа во 2015 година и имаат по еден син и ќерка. Со новата Каролина која е 11 години помлада од него, во врска се од 2016 година. Тој ја заврши играчката кариера, па сега ќе може да му се посвети на бракот.

- Оглас -

Најнови вести