Кои би биле осминафиналните дуели ако табелите останат како што се по второто коло

Второто коло од групната фаза на Светското првенство се комплетира, а засега има неколку изненадувања. Третото коло од групите ќе биде пеколно за повеќе селекции, а интересно е што би било ако групите останат како што се во овој момент.

Според актуелната состојба, во осминафинале дерби би било Франција – Аргентина, а победникот во наредната фаза би играл со подобриот од Англија – Еквадор.

Бразил би имал полесна задача против Гана, додека Шпанија за ривал би го добила Мароко, а потоа во четвртфиналето би играла дерби против Бразил.

Холандија би имала ситуација како од сон затоа што за ривал би го имала Иран, а потоа во четвртфиналето Лалињата би играле против подобриот од Полска – Австралија.

Хрватска би играла против Јапонија, а во тој сегмент се и Португалија против Швајцарија. Германија во оваа ситуација би била испадната.

Сепак, ова се провизорни осминафинални дуели само по второто коло од Мундијалот. Конечните возбудувања ќе започнат со третото коло, кога и ќе се знаат конечните и вистинските осминафинални двојки.

- Оглас -

Најнови вести