Неколку спектакуларни дуели во последното коло од Спортска прогноза!

По 33 одиграни кола, стигнавме и до крајот. Наредниот викенд е последното 34-то коло од втората сезона на популарната Спортска прогноза на Sport Life. Како што доликува, последното коло ќе биде посебно спектакуларно, со повеќе дерби-натпревари кои ќе бидат вистински предизвик да се погодат.

Манчестер јунајтед ќе го пречека Челзи во дуел на двата тима кои се борат за место во Лигата на шампиони во Премиер лигата. Возбудливо ќе биде и во Серија А, каде што има два дерби-дуела. Првиот ќе се игра на „Олимпико“, а Рома ќе биде домаќин на Интер. Нераѕурите имаат минимални шанси да го бркаат Јувентус во трката за титулата, додека главна цел на домаќините е да се изборат за излез во Лигата на Европа.

Италијанскиот првак Јувентус во понеделник ќе го нагости Лацио, меч со кој и ќе се означи крајот на Спортска прогноза за оваа сезона. Покрај овие четири дерби-дуели, на понудата од последното коло имаш уште девет интересни мечеви кои треба точно да ги погодите ако сакате да стигнете до Среќна 13-ка. Мобилниот телефон „ајфон ХС“ останува како неосвоена тврдина за сите прогнозери досега, но никогаш не треба да има откажување затоа што и во последното коло може да ви се насмевне среќата.

Во минатото коло еден прогнозер имаше 9/9, а потоа два драматични финиша во италијанската Серија А го откажаа Бојан во обидот да стигне до „ајфонот“.

Освен скапиот „ајфон ХС“, подароци има и за оние кои ќе имаат по 12 или 11 погодоци. Само за едно промашување следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека со 11-ка добивате ваучер од 500 денари.

Погледнете ги мечевите кои се на понудата за последното коло на Спортска прогноза и направете ги вашите прогнози.

- Оглас -

Најнови вести