Како да се објасни вакво промашување? (Видео)

Освен прекрасните голови кои ви ги прикажуваме, а заслужуваат да бидат видени поради мајсторијата со која се постигнати, на фудбалските терени постојано се случува некој играч да промаши од ситуацијата во која е многу послесно да се постигне гол.

Таква ситуација се случи на дуелот Де Графшап – Ден Хаг во Холандија. Мечот заврши 1:1, а гостите во првиот дел имаа голема шанса да поведат во 26 минута. Џовани Трупи, кој е играч на Утрехт, но е на позајмица во Ден Хаг, го промаши невозможното.

Десниот бек на гостите промаши од само еден метар, кога успеа да шутира над голот на Де Графшап, иако пред него немаше ниту голман, ниту играч кој можеше да му попречи да реализира.

Неверојатната ситуација од овој меч може да ја видите на видеото, по 4:05 минута.

 

- Оглас -

Најнови вести