Како е можно? Мекгрегор следниот месец повторно ќе се бори

Конор Мекгрегор минатиот месец загуби во УФЦ борбата од Дастин Појре, откако ирскиот борец заработи скршеница на ногата пред крајот на првата рунда. Ирецот имаше операција на ногата, а најавите беа дека ќе мора да мирува најмалку една година пред да може повторно да се врати во рингот.

Сепак, Мекгрегор реши да не мирува, па веќе закажа борба, и тоа за 11 септември. Негов ривал ќе биде комичарот Ал Форан, а двајцата ќе бидат во инвалидски колички. Форан во минатото често знаеше да го имитира Мекгрегор, а борецот многу се лутеше на такви имитации.

Подоцна Мекгрегор и Форан станаа добри пријатели, па заедно решија да направат ваков меч, а сите собрани средства ќе одат во хуманитарни цели во Здружението за инвалиди во Ирска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Al Foran (@alforancomedy)

- Оглас -

Најнови вести