10.8 C
Skopje
недела, 23 ноември 2025

Како е можно од тука да се утне, и тоа искусен фудбалер? (Видео)

На вчерашниот меч помеѓу Цвикау и Хемницер од четвртиот ранг на германскиот фудбал, играчот на гостите Дејан Божиќ пропушти 100 процентна шанса и имаше утка каква ретко се гледа.

Неговиот тим загуби со 0-4, а резултатот ќе беше поинаков ако Божиќ дадеше гол во оваа ситуација во третата минута и му донесе предност на својот тим кој се натпреварува во Регионалната лига Нордост која е четврта по квалитет во Германија зад Бундеслигата, Цвајта и Трета лига.

Германецот со српско потекло е искусен, има 32 години, а како младинец бил чкен на Хофенхајм, постигнал околу 150 голови во кариерата, па чуди што реагираше вака во оваа ситуација кога имаше празен гол пред себе.

Погледнете:

 

- Оглас -

Најнови вести