Како гласаа капитенот и селекторот: За Милевски и Барди, Меси не беше најдобар фудбалер во 2023 година (Фото)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, и капитенот Енис Барди својот глас во изборот на ФИФА на најдобрите играчи за 2023 година не го дадоа за лауреатот Лионел Меси.

Милевски, Барди, како и македонскиот претставник од медиумите, Мијалче Дургутов, својот глас го даддоа за напаѓачот на Манчестер сити и на норвешката репрезентација, Ерлинг Халанд.

Селекторот Милевски не му даде ниту еден глас на Меси, туку своите гласови ги даде за играчите на Манчестер сити, кои минатата година ја освоија титулата во Премиер лигата и триумфираа во ФА купот, во Лигата на шампионите, а беа најдобри и на Светското клупско првенство. За Милевски најдобар фудбалер во 2023 година беше Ерлинг Халанд, кому му даде пет бода. Три бода доби од Милевски доби сонародникот на Меси и соиграч на Халанд, Хулијан Алварес, а еден бод доби Родри.

Капитенот Барди најмногу гласови исто така му даде на Халанд, но имаше поинакво видување за другите двајца најдобри играчи. Барди покрај Халанд, својот глас го даде за Килијан Мбапе (3) и за Лионел Меси (1).

И за македонскиот претставник од медиумите, Мијалче Дургутов, Ерлинг Халанд беше најдобар фудбалер во 2023 година, а останатите гласови ги распредели за Кевин де Бројне (3) и за Марцело Брозовиќ (1).

- Оглас -

Најнови вести