Како Гвардиола го виде поразот од Арсенал

Манчестер сити вчера загуби во дербито од Арсенал со 1:0 и ја прекина неверојатната серија дури од 12 победи по ред над Топчиите во Премиер лигата.

Згора на тоа, ова беше втор пораз за Сити по ред, во претходното коло подобар беше Вулверхемптон (2:1).

Со поразот, Граѓаните паднаа на третото место на табелата со 18 бода, два помалку од лидерите Тотенхем и Арсенал.

„Пред две години, како и минатата сезона, Арсенал повеќе го контролираше натпреварот, а ние победувавме. Сега добро го отворивме натпреварот, имавме две-три шанси, но тие беа подобри на стартот од второто полувреме. Реално, немаше многу шанси бидејќи двата тима добро вршеа пресинг и беше многу тесно. На крајот, по една акција примивме гол и загубивме. Имавме свои моменти, но генерално не беше лесно да се игра. На крајот, му честитам на Арсенал за победата“, изјави Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести