Дарко Чурлинов не се прослави вечерва во дресот на Шалке 04. Неговиот тим е елиминиран од Купот на Германија откако тимот од Гелзенкирхен загуби на гостувањето кај Минхен 1860 со 1:0.
Голот вреден победа за Минхен 1860 беше постигнат само по пет минути игра, а како главен виновник го посочуваат токму македонскиот репрезентативец Чурлинов. Топката беше во нозете на Чурлинов, кој комплицираше, ја загуби и домаќините брзо направија акција за погодок.
По тој гол, Чурлинов на теренот помина само уште 15-тина минути, по што беше заменет. И без Чурлинов на теренот, Шалке не успеа да даде гол, но не ни прими уште еден, па минимално со 1:0 беше елиминиран од Купот.