Како ќе изгледа „Камп Ноу“ по реновирањето (Видео)

Управата на Барселона денеска објави видео како ќе изгледа „Камп Ноу“ по реновирањето кое треба да биде завршено во 2024 година.

Засега не е познато колку ќе чини реновирањето, медиумите шпекулираат со сума од милијарда евра, а освен најголемиот стадион во Европа, ќе биде реновинарана и салата „Блауграна“ во која настапуваат ракометарите и кошаркарите на Барселона.

Исто така ќе бидат реновирани и просториите наменети за членовите на клубот, потоа канцелариите и хотелот, а ќе биде среден и паркингот пред стадионот.

Најавено е дека на новиот кров ќе бидат поставени соларни плочи кои ќе произведуваат елекрична енергија.

Стадионот „Камп Ноу“ е изграден 1954 година, а три години подоцна, Барселона на него го одигра првиот натпревар.

- Оглас -

Најнови вести