Како Ману ни кажа чао Македонија (Видео)

Шпанија е фудбалска велесила и најнезгодниот противник за Македонија, а комплексот што го имаме од Црвената фурија се потврди и вчера во Алкоркон.

На ниту еден меч, во ниту една возрасна категорија во фудбалот не сме ги победили Шпанците, а и реми е сон за Македонија.

Во Алкоркон играа врсниците на двете земји, односно играчите до 21 година, а разликата е јасна. Мечот од квалификациите за ЕП 2021 почна со шоуто на Ману Гарсија во седмата минута.
Ману ни кажа чао со прекрасна соло-акција и гол, а за збогум без бодови од Алкоркон се погрижија и Руфати со автогол и Педроса со прекрасен волеј во финишот на мечот.

Погледнете ги најинтересните моменти од вчерашниот дуел, по кој ни остана уште еден пораз од шпанска селекција и надеж дека некогаш ќе ги победиме.

- Оглас -

Најнови вести