Како може да нема исклучување за Шкртел, видете ја посекотината на Жута (Фото)

На дуелот помеѓу Фенербахче и Коњаспор, кој беше и македонско дерби во турската лига со оглед на тоа што настапија тројца фудбалери со македонски пасоши, црвен картон доби Адис Јаховиќ, но иста таква казна заслужи и Мартин Шкртел од Фенер за ѕверски старт врз Леонард Жута.

Првото полувреме беше многу поинтересно, но и потензично. Тогаш паднаа двата гола, тогаш се случи фаулот на Словакот врз Жута, како и исклучувањето на Јаховиќ. Елиф Елмас кој игра за Фенер, влезе во 84 минута, но истанбулскиот гигант не успеа да ја искористи предноста од играч повеќе која ја имаше од 33 минута кога на Јаховиќ му беше доделен црвен картон.

Погледнете од блиску како изгледа десната потколеница на Жута:

- Оглас -

Најнови вести