И Несторовски влезе во ритам: два гола и асистенција за Македонецот во Палермо (Видео)

Горан Пандев е вистински херој во Серија А, откако е најзаслужен за победата на Џенова против Јувентус. Капитенот на македонската репрезентација прво асистираше, а потоа погоди за Џенова и Јувентус го претрпе првиот пораз сезонава во Серија А.

Примерот на Пандев во целост го следеше уште еден наш интернационалец во Италија. Илија Несторовски имаше асистенција па гол за Палермо во дуелот против Карпи  во Серија Б. Несторовски најпрво асистираше за погодокот на Фалети во 11 минута, а само четири минути подоцна погоди за 2:0 на полувремето.

На почетокот на вториот дел Карпи намали на 1:2, но да нема дилеми, Палермо со два гола во завршницата потврди дека трите бода се за домаќините. Несторовски беше стрелец и на четвртиот погодок. Веднаш потоа Илија беше изваден од игра.

https://youtu.be/BTbIckgElaY

 

 

- Оглас -

Најнови вести