Како прослави повредениот Хари Кејн? (Видео)

Тотенхем се избори за неверјатен успех, пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите. Подвигот да биде поголем, лондонскиот тим тоа го направи без првата ѕвезда во тимот, Хари Кејн. Голгетерот на англиската репрезентација се повреди на првата средба и воопшто не отпатува во Манчестер.

Мечот со инфаркт-завршница Кејн го гледал дома, а по завршување на дуелот, веднаш испрати и порака до своите соиграчи.

„О мој Боже. Ве сакам момци!!!“, напиша Кејн и постираше видео.

- Оглас -

Најнови вести