Како реагираше Мбапе кога го виде европскиот првак Бензема? (Видео)

Карим Бензема и Килијан Мбапе од следната сезона требаше да бидат соиграчи во Реал Мадрид, но младиот напаѓач во последен момент се премисли и реши да ја прифати богатата понуда од Пари Сен Жермен за да остане во клубот.

Реал извиси, а еден од најразочараните беше Бензема, кој го убедуваше Мбапе дека е добро за него да направи трансфер во Реал Мадрид. Ѕвездата на Реал дури на социјалните мрежи постираше фотографија од славниот рапер Тупак со пријателот кој го „издаде“, што за многумина беше асоцијација дека токму Мбапе е тој што го „издаде“ Карим.

Кога Бензема пристигна на собирот на француската репрезентација, сите соиграчи му честитаа за освоената европска титула. Кога се појави Мбапе, фудбалерот на ПСЖ веднаш го прегрна својот постар колега и со насмевка му честиташе за успехот. Тоа е доказ дека овие двајца се во одлични пријателски односи и дека одлуката на Мбапе да не дојде во Реал, нема големо влијание кај двајцата.

https://twitter.com/i/status/1531369021974757377

 

- Оглас -

Најнови вести