Целосно фудбалски е денешниот Супер тип во Sport Life и на вкупно 16 натпревари има зголемени коефициенти. Интересно е дека гостите треба да доминираат, затоа што дури на 11 средби, зголемени се квотите за „двојка“.
Возбудувањата ќе започнат од 13 часот кога Хамбургер на гости треба да го победи Кил, а Тотенхем ќе има тешка задача на гости против Вулверхемптон. Навивачите на Милан очекуваат три бода од гостувањето кај Лече.
На гостински терен фаворити се и Сосиедад против Алмерија, ПСЖ кај Ремс, а најлесно треба да помине Галатасарај против Хатајспор.
Од екипите од кои се очекува да го искористат домашниот терен, Јувентус е фаворит против Каљари, Осасуна да освои три бода против Лас Палмас, а Јанг Бојс дома да слави над Луцерн.