Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Лука Дончиќ, одморот после најдобрата сезона во НБА лигата за него, во која со Далас стигнаа до финалето, го користи на фарма во Словенија.
На видеото кое го споделија од официјалниот профил на НБА се гледа дека Дончиќ во Словенија вози трактор, но и се грижи за добитокот.
„Да, знаете, едноставно е преубаво. Можеш да произведуваш храна, да уживаш во погледот. Многу е убаво, смирувачки.“ – вели Дончиќ на прашањето дали после кошаркарската кариера ќе се занимава со фармерство.