Како што се очекуваше, Ангеловски со најдобрите 11 ќе ја напаѓа Австрија

Македонската фудбалска репрезентација за нешто повеќе од еден час ќе дебитира на Европското првенство. Во историскиот настап Рисовите ќе се соочат со Австрија на Националниот стадион во Букурешт.

Селекторот Игор Ангеловски очекувано се одлучи да ги пушти најдобрите 11 фудбалери кои му се на располагање со кои ќе се брка добар резултат против фаворизираните Австријци. Во формација 5-3-2, која се покажа како победничка против Германија кога Македонија славеше со 2-1 среде Дуисбург, Ангеловски реши со истиот рецепт да тргне по изненадување.

На голот е Димитриевски, а петмината во одбраната се Николов како десен крилен бек, Алиоски е лево, додека стопери се Ристовски, Велковски и Муслиу.

Во средниот ред ќе командуваат Барди, Елмас и Адеми како последен играч за врска, а Трајковски заедно со капитенот Горан Пандев ќе се закануваат по голот на Бахман.

 

- Оглас -

Најнови вести