Како што тренира Кантер, нема да го дочека рестартот на сезоната во НБА (видео)

Тимовите во НБА-лигата се подготвуваат за продолжувањето на сезоната кое е предвидено за 30 јули. Покрај тимските тренинзи, играчите вложуваат дополнителен напор за да бидат во што подобра форма кога ќе почне натпреварувањето во Орландо, но за Енес Кантер индивидуалните тренинзи не се одвиваат како што посакува.

На социјалните мрежи се појави видео од тренингот на центарот на Бостон. Во обид да ја забие топката, Кантер не го ни достигна обрачот. Очигледно е дека Кантер не е во форма, по што се фати за половината веднаш по урнебесниот обид да забие и лесно можеше да се здобие со повреда.

- Оглас -

Најнови вести