Како успеа ова да го одбрани? (Видео)

Данска без многу проблеми ја победија Јапонија и на тој начин актуелниот светски првак си обезбеди место во четвртфиналето на ракометниот Мундијал во Египет. Еден од најголемите фаворити за повторно освојување на светскиот трон, засега реди само победи, а еден од најзаслужните за тоа е и голманот Никлас Ландин.

Феноменалниот чувар на мрежата, во дуелот против Јапонија на неверојатен начин успеа да го спаси својот гол по еден обид на противниците да погодат од далечина. Данска беше во напад, а голот им остана празен, па кога згрешија, Јапонците имаа шанса да погодат во празната мрежа.

Топката леташе кон голот, но Ландин се појави „од нигаде“ и со парада успеа да ја стигне топката и да го спасо својот гол.

На крајот, Данска победи со 34:27, а Ландин заврши со 12 одбрани.

 

- Оглас -

Најнови вести