Земјата со само 35.000 жители, Сан Марино, во Токио се закити со уште едно одличје во дисциплината трап, овојпат во мешани парови. Откако Алесандра Перили завчера со освоената бронза во трап во женска конкуренција го донесе првиот историски медал за малата земја, истата натпреварувачка денес со партнерот Џанмарко Берти се закитија со сребро.
Подобри од нив беа само шпанските стрелачи Фатима Галвес и Алберто Фернандес кои го донесоа првото злато за својата земја во овој спорт, додека бронзата припадна на Американците Маделин Ен Бернау и Брајан Буроус.
За приказната на Перили и Берти да биде уште пофасцинантна, говори тоа што за двајцата да настапат на Игрите во Токио, зеле годишни одмори од своите работи. Овојпат не им беше целта само да учествуваат, туку и да донесат историски успех за својата земја и успеаја.