Како во маало, а се играше големо аргентинско дерби – Дијас јадеше на терен, па постигна победнички гол (Видео)

Марчело Дијас беше човекот кој одлучи во големото аргентинско дерби меѓу Расинг клуб и Индепендиенте во меч во кој имаше од сè по нешто, дури и однесување на главниот актер како да игра во маало.

Дијас постигна гол за победа во 86-тата минута, а претходно се однесуваше многу несериозно. Стрелецот на погодокот јадеше банана на теренот, дури и со неа трчаше, што е смешно и недозволено, но беше толериран од главниот судија.

Marcelo Diaz casually taking a quick free quick while eating a banana from soccer

Расинг приреди голем подвиг и го победи најголемиот свој ривал во Аргентина во популарното Дерби Авеланеда со двајца играчи помалку на теренот. Во 40-тата минута директен црвен картон доби голманот Аријас, а на почетокот на второто полувреме исклучен беше и поранешниот фудбалер на Динамо Загреб, Леонардо Сигали.

Сепак, домаќините некако успеаја да постигнат гол, стрелец беше Дијас, а потоа во финишот имаше рамнотежа на теренот откако дури двајца играчи на Индепендиенте беа исклучени.

https://www.youtube.com/watch?v=H77lev-xwlw

Дербито меѓу Расинг и Индепендиенте е рангирано како второ најголемо и најважно во Аргентина, по Суперкласико и дуелите на Ривер плејт и Бока јуниорс.

- Оглас -

Најнови вести