Како Златан го најавува враќањето на терените: Јас сум Бог и број 1

Фудбалерите на Милан утревечер ќе имаат шанса да ја прекинат црната серија во 2023 година и против Торино да ја забележат првата победа по 4 јануари, а дополнителен мотив за оптимизам кај навивачите влеа Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ, кој осум месеци е надвор од терените, последен натпревар што го одигра беше во мај минатата година, изјави дека сега е подготвен да им помогне на соиграчите да триумфираат и да се вратат на победничките патеки.

„Добро сум, се вратив во тимот и се чувствувам слободно на и надвор од теренот. Изминатиот период направив сè што е моја моќ за да им помогнам на тренерот, стручниот штаб и клубот. Бев трпелив бидејќи морав да се вратам на врвот“, изјави Ибрахимовиќ во интервјуто за „Медиасет“.

Златан во свој стил најави дека ќе се врати на терените.

„И понатаму сум Бог, број 1. Се враќам на терените и музиката ќе се менува. Имам доста желби, би сакал да направам толку многу работи и да надоместам сè што пропуштив во изминатите осум месеци“, вели напаѓачот на Милан.

- Оглас -

Најнови вести