Каков апсурд: Надал прогласен за најдобар спортист во светот, а не е ни најдобар тенисер

Рафаел Надал ја доби наградата за најдобар спортист во светот за 2020 година во традиционалниот Лауреус избор. Шпанскиот тенисер беше избран за најдобар оставајќи ги зад себе: Луис Хамилтон (Формула 1), Леброн Џејмс (кошарка), Арманд Дуплантис (атлетика), Џошуа Чептегеи (атлетика) и Роберт Левандовски (фудбал), кои беа дел од потесниот избор за најдобар.

Минатата година Надал се израдува на 13-тата титула на Ролан Гарос, што беше јубилејна 20-та за него во кариерата. Сепак, овој избор на Надал за многумина е збунувачки ако се знае дека Надал повеќе години „му гледа во грбот“ на Новак Ѓоковиќ на АТП-листата, што значи дека Шпанецот не е ни најдобар тенисер во светот, а не пак да биде избран за најдобар спортист.

Во женска конкуренција, наградата ја освои Јапонката Наоми Осака, која зад себе ги остави Ана ван дер Бреген (велосипедизам), Федерика Брињоне (скијање), Бриџид Косгеи (атлетика), Венди Ренар (фудбал) и Бријана Стјуарт (кошарка).

- Оглас -

Најнови вести