Каков е билансот во меѓусебните дуели на Меси и Кристијано?

Кристијано Роналдо пред две години замина од Реал Мадрид и премина во Јувентус, па неговото ривалство со Лионел Меси загуби на значење, но ждрепката за Лигата на шампионите сакаше тие повторно да играат еден против друг откако Барса и Јуве се најдоа во иста група. Роналдо и Меси досега никогаш не играле меѓу себе во групите од ЛШ.

Фудбалерите кои ја облежаа последната декада освен тоа што ќе треба да играат со Динамо Киев и Ференцварош, ќе треба и двапати да се судрат еден против друг во битка за првото место во групата.

Последниот дуел на Меси и Кристијано беше на 6 мај 2018 година, во меч кој заврши 2-2. Севкупно, тие играле 35 пати еден против друг, вклучувајќи ги и двете пријателски на Аргентина со Португалија, како и трите пресметки од времето кога Португалецот беше во Манчестер јунајтед.

Предност има Меси, кој победил 16 пати, наспроти 10 радости на Роналдо, а деветпати било нерешено. Што се однесува до головите на мечевите кога нивните тимови играле еден против друг, и тука Лео е во предност од 22-19. Во ЛШ играле петпати. Барселона со Меси победила двапати, двапати било нерешено, а еднаш победил тимот на Кристијано.

Сепак, Барселона не го памети по добро последното соочување со Јувентус од пред три години, во четвртфиналето на ЛШ. Италијанскиот првак беше многу подобар на првиот меч и победи 3-0, а реваншот заврши без погодоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести