Каков пресврт: Барса негира дека има договор со Ал-Сад за Чави!

Чави не е нов тренер на Барселона, барем не засега. Кога од Ал-Сад се огласија официјално и тврдеа дека е постигнат договор со Барса за ослободување на Чави со плаќање на откупната клаузула, се чинеше дека работата е завршена. Но, испадна дека не е така.

Од Барселона уште не е потврдено дека Чави е нивен тренер и членови на раководството негираат дека е постигнат договор со Ал-Сад. Катарскиот клуб бара отштета од 5 милиони евра, а Барса се обидува Чави да го добие бесплатно. Проблемот на Барса е што ако плати 5 милиони за тренерот, ќе го наруши финансискиот ферплеј.

- Оглас -

Најнови вести