Каков шок на „Сан Сиро“: Квалјарела го лобуваше Донарума од 25 метри (видео)

Милан од 58-та минута брка минимална негатива од 0-1 по фантастичниот погодок за Фабио Квалјарела, со кој Сампдорија поведе на „Сан Сиро“ во мечот од 29-тото коло во Серија А.

Италијанскиот ветеран ја искористи кардиналната грешка на Тео Ернандес, го пресече неговото погрешно додавање и од прва од околу 25 метри го лобуваше Џиџи Донарума.

Гостите сосема заслужено се во предност бидејќи имаа доста шанси во првото полувреме кои беа анулирани токму ог голманот на Росонерите, додека Милан не успеа ниту еднаш да се закани кон рамките од голот на Сампдорија.

- Оглас -

Најнови вести