Академија ФМП вечерва ја извојува својата прва прволигашка победа во клупската историја и тоа 87-83 против 15-кратниот шампион Работнички. Тимот на тренерот Игор Гацов, веројатно пред мечот беше прежален, но се покажа дека првата кошаркарска лига е порамноправна од претходно, па и тим кој беше на дното, го совлада лидерот кој немаше пораз досега.
Академија ФМП е тим кој има само еден странец во своит редови, а шанса добиваат млади македонски кошаркари кои го шокираа Работнички. Во редовите на вицепрвакот не играше Двејн Бенџамин, па не им беа доволни 37-те поени на Данило Мијатовиќ. Работнички на полувреме водеше со девет поени разлика, па шокот е уште поголем.